еМагазин
Image default
Бизнис

Во рудникот Бучим просечната плата 555 евра, но недостасуваат рудари

Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Македонија, заедно со Владимир Хрисанфов, трговски советник при амбасадата, во придружба на Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора и Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора ја посетија компанијата „Бучим“ во Радовиш, информираат од Комората.

Посетата се реализирала по повод прославата на значајниот јубилеј – 40 години од постоењето на рудникот.

Гостите биле информирани дека рудникот за бакар и злато „Бучим“, членка на Македонско-руската стопанска комора, ја добил дозволата за екслоплатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“, со што сe продолжува и векот на работата на рудникот, а 700 вработените останауваат на своите работни места.

Просечната плата во компанијата изнесува 555 евра, но и покрај тоа недостасуваат рудари и стручни работници.

– Подготовките на рудното тело, изградбата на подвижната лента од „Боров дол“ до рудникот „Бучим“ и други градежни активности ќе чинат околу 53 милиони евра. Сите овие активности треба да се одвиваат годинава, а рудата ќе почне да пристигнува во 2020 година од „Боров дол“, информирал првиот човек на „Бучим“, Николајчо Николов.

Рудата која ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижната трака во должина од околу седум километри ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира исто така во постојното хидро јаловиште.

Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.

„Бучим“ врши ископ на 4,5 тони руда месечно, годишно финансиски тоа изнесува преку 60 милиони евра и се реализира профит од 18 милиони евра. Од концесијата што ја плаќа рудникот, 78 проценти оди во општинската каса, што е бројка од 1,2 милиони евра.

Покрај тоа, „Бучим“ е општествено-одговорна компанија која секој месец издвојува по 5.000 евра за помагање на спортските и други активности во општината.

Големи се очекувањата на компанијата од престоечката гасификација, заради намалување на трошоците. Според градоначалникот, допрва се подготвува и се очекува спроведување на процедурата, но очекувањата се дека гасоводна мрежа во должина од седум километри, како и секундарната, ќе биде готова до 2020 година, а приклучокот на „Бучим“ ќе се реализира во 2021 година.

Фото: Македонско-руската стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жито Полог“ во загуба од 6,9 милиони денари

Редакција

Разрешни директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, кои се новите в.д. директори

Редакција

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска почна прес-конференција на албански јазик

Редакција