еМагазин
Image default
Македонија

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Синоќа во 23:40 часот во атар на село Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција – Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, во кое пронашле 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица, стои во соопштението од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100, вели Јолевски

Редакција

Тестираните пратеници и вработени во Собранието негативни на Ковид-19

Редакција

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 5.865 тестирања

Редакција