еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

На ГАК се хоспитализирани две пациентки,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Редакција

Убава вест: 717 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ објави нови плати од менаџментот на М-НАВ, на директорот на ФИТР и на Љубе Бошковски

Редакција