еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 319 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 95 пациенти.

о ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен пункт за брзо тестирање за Ковид-19 во Куманово

Редакција

Новогодишно обраќање на претседателот Иванов: Годинава да ја заборавиме, а наредната да ни исполнат сите желби

Редакција

Затекнатите 114 лица може да го напуштат Дебар

Редакција