еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 468

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 468 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 4 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 177 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 17 болни,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

Редакција

Обвинението за „Талир 2“ е паушално, смета одбраната на Груевски

Редакција

Историски ден за Македонците во Албанија: Универзитетот во Тирана одобри реактивирање на Лекторатот по македонски јазик

Редакција