Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
“Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника три во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 17 болни.
На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ