еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 54 пациенти, а вкупно се лекуваaт 549

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 263 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле нема пациенти.

На Клиниката за Детски болести има 16 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК лежат 10 позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Заев и Бучковски водат тајни преговори за ново национално предавство

Редакција

(Видео) Шеик Имран Хосеин: Врз Македонија се врши политичко насилство, Муслимани не ги затворајте очите пред неправдата

Редакција

Села: Победивме во првиот круг во Дебар и Гостивар, во втор круг сме во пет општини, се чекаат резултатите и за Тетово

Редакција