еМагазин
Image default
Македонија

Во Македонија привремено ќе се сместат 68 Авганистанци

Македонија согласно активностите и преземените обврски од нашето членство во НАТО обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци, наши сојузници, кои претходно беа ангажирани од страна на НАТО за време на мисијата во Авганистан, соопшти Министерството за надворешни работи.

Оваа група, посочуваат од Министерството, е дел од поголемата група Авганистанци кои беа сместени во базата „Бехтел“ (Bechtel Facility), во Косово, од каде меѓу земјите – членки на НАТО привремено се распределени сите Авганистанци, кои беа евакуирани од Кабул.

На лицата во земјава им е обезбедено привремено сместување, сѐ до обезбедување на нивната документација за упатување кон финалните дестинации каде е одредено нивното постојано живеалиште.

– Со ваквиот чекор, Северна Македонија како кредибилен партнер на НАТО уште еднаш демонстрираше солидарност во заштита на нашите сојузници од Авганистан, кои поради ризикот по нивниот живот и безбедноста на нивните семејства не можат да се вратат во Авганистан, се вели во соопштението од МНР.

Со обезбедувањето привремено прибежиште и за оваа група Авганистанци, вкупниот број на авганистански цивили на кои Македонија им има обезбедено привремено престојувалиште во земјава изнесува нешто повеќе од 800 лица, од кои повеќе од половината веќе ја напуштија Македонија, упатувајќи се кон нивната конечна дестинација.

– За време на привремениот престој во Северна Македонија на Авганистанците им е обезбедена помош и поддршка од државните институции и невладини организации, со што земјава е дел од глобалната хуманитарна акција за помош на Авганистанците кои посветено работеле на унапредување на демократските процеси во Авганистан или биле ангажирани од страна на меѓународни организации и агенции, наведуваат од МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 652 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

Редакција

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“: Девет години затвор за Боки 13, седум за Јанева

Редакција