еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Во недела во “Броз“ хуманитарен настан за чичко Драги, новинарот Саше, самохраните мајки Ѓултен и Драгица, малиот Војдан

Во недела во скопското кафуле Броз се организира хуманитарен настан за повеќе лица.

-Кога почнавме да го конципираме 13 Ноемврискиот базар, не наведовме сума која ќе ја бркаме…

Првично, беше за една цел, па пишаа за втора ситуација, па трета, за на крај да стасаме до вкупно пет ситуации каде итно се потребни средства…

За чичко Драги, Саше Димовски, новинар за кој е потребна протеза и количка, поради ампутирана нога (тука очекувам навала од негови колеги на базарот, али ќе видиме), самохрана мајка од Шутка, со чија ќерка снимав филм летоска, малиот Војдан со церебрална парализа кој покажува сериозен напредок во борбата со болеста (одма вртете на VIP 143 470 и Телеком 143 145), мајката Драгица, која се бори со канцер (вртете Телеком 143 126)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на колегата Саше Димовски повторно да прооди

Самохрана мајка на две малолетни деца боледува од рак и има потреба од нашата помош

И кажете сеа, кого ќе одбиевте вие?!

Затоа, поставувам таргет сума од 2.500 евра, која ќе ја поделиме на сите подеднакво!

За 2.500 евра треба да дојдете на базарот 1.532 души и да купите нешто за 100 денари.

Или 766 души да купат нешто за по 200 и така натаму!

А шо друго ќе прајте во недела, а?! А?!, напиша на Фејсбук активистката и актерка Ирена Ристиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германската компанија „Дермалог“ избрана за набавка на терминалите за отпечатоци од прсти

Редакција

Каков имот пријавил Фадил Бајрами, кој повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција

На поранешниот судија Теофиловски му застаре делото за злоупотреба тешка 860.000 евра

Редакција