еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Околу 1.700 ученици и наставници посетиле предавања за финансиска едукација на Народна банка

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението, информираат од таму.

Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта.

Со цел поголема вклученост на учениците од руралните средини, во март 2022 година, за време на одржувањето на Глобалната недела на пари, беше организиран караван во чии рамки беа опфатени 8 училишта, 443 ученици и 35 наставници од руралните предели.

Во текот на првата половина на 2022 година беа реализирани вкупно 15 предавања за училишта во руралните средини, со учество од 46,9% во вкупните предавања.

Инаку, минатата, 2021 година, беше забележан рекорден број слушатели на предавањата за финансиска едукација на Народната банка, со вкупно 102 предавања на кои биле присутни 6.351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори, во 70 различни училишта. Поради пандемијата на Ковид-19, предавањата на македонски и на албански јазик, се одржуваа преку интернет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Училиштата кои сакаат да бидат дел од финансиска едукација, да се пријават во Народна банка

Редакција

Загрижува нивото на финансиска писменост на граѓаните

Редакција

Финансиско планирање: Пресметајте што поседувате, што должите и колку ви останува

Редакција