Седум земји-членки на Европска Унија од денеска воведуваат систем на сертификат за Kовид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули.
Како што соопшти Европска комисија од денеска ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето.
Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале Kовид-19.
Условите ќе варираат, бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ.
МИА/Фото: Photo by Markus Winkler on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.