еМагазин
Бизнис

Во Скопскиот регион се краде струја во вредност од 50 милиони евра годишно

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион, пишува МКД.мк.

Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, за овој медиум изјавил дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи.

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%.

Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година.

Според пишувањето на МКД.мк истото се случува и во други делови од Скопскиот регион, во Сингелиќ, Серава, Грчец, Студеничани…

Едноставната математика покажува дека ако се земе истиот процент на кражба на струја од Арачиново, тогаш вредноста на неплатената електрична енергија достигнува до неверојатни 50 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК вработува 4 службеници

Редакција

Клиниката за гинекологија и акушерство вработува 10 лица, плата до 30.796 денари

Редакција

МВР склучи договор со „Даути комерц“ вреден 700 илјади евра

Редакција