Синоќа во македонското Собрание, со по 69 гласа „за“, беа избрани новите осум министри.
За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Борче Серафимовски од ЗНАМ, а за правда, Јетон Шасивари од Вреди,
Нов министер за односи меѓу заедниците е Агон Ферати од Вреди, а за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ.
Нов министер за култура и туризам е Седат Сулејмани од Вреди, а за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Нов министер за локална самоуправа е Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, а министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство














