еМагазин
Image default
Македонија

Во Тивешко 52 нови случаи на Ковид-19

Четири лица позитивни на коронавирусот од Тиквешко се хоспитализирани, од кои три од Неготино и едно од Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски додаде дека во последните 24 часа во Тиквешијата регистрирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирусот. Од нив, 25 од Кавадарци, 23 од Неготино, по два случаја во Росоман и во Демир Капија. Јовановски посочи дека новозаболените се на возраст од 17 до 72 години.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложена казна од 10.000 евра за поранешната директорка на Кожни болести, Нина Цаца-Биљановска

Редакција

Кои се најголемите донатори на ДУИ за изборната кампања 2020?

Редакција

И денеска дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција