еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Во Врање досега се вакцинирани 11.743 македонски граѓани со прва и 9.012 со втора доза

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11.743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот „Врањењуз“, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 11.743, додека бројот на вакцинирани граѓани на Босна и Херцеговина (БИХ) е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9.012 и седум државјани на БИХ.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.781, додека со втора доза се вакцинирани 27.202 српски државјани.

Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 48.586 пати (прва доза 24.771, а втора 23.815), потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11.162, а втората 8.933), руската Спутник В е дадена во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и АстраЗенека аплицирана во 932 случаи (455 + 477).

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу се аплицирани вакцини на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинеската Синофарм аплицирана е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Спутник и АстраЗенека не беа дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто).

Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто).

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ски-картите за Србија, Црна Гора и БиХ, може да се подигнат од Ресорт Маврово

Редакција

Бугарското МНР со честитка за Илинден

Редакција

Вучиќ: Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри

Редакција