еМагазин
Image default
Бизнис

Во второто тримесечје слободни 8.059 работни места, најмногу во услужни дејности и продажба

Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1.62 %, односно нивниот број изнесува 8.059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.25 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2.688, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Аеродром вработува, плата до 26.257 денари

Редакција

Цената на бензините и на дизелот останува иста

Редакција

Комуналните служби во Бугарија заинтересирани за возилата Грин Машинс на Брако

Редакција