еМагазин
Image default
Локално

Водата на Дојранско Езеро е безбедна за капење и рекреација

Општина Дојран денеска ги објави резултатите од најновото испитување на водата на Дојранското Езеро што пред почетокот на туристичката сезона се прави од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

– Резултатите покажаа дека водата од Дојранското езеро е во одлична состојба и дека е безбедна за капење и рекреација на посетителите, со задоволство изјави градоначалникот Анго Ангов, кој посочи оти примероци за анализа биле земени од три локации, поточно од Градската плажа и од плажите „Полин“ и „Гранико“.

Во извештаите на Центарот за јавно здравје од испитувањата на водата се истакнува непроменетата одлична состојба на водата со параметри кои немаат штетно влијание по здравјето на луѓето.

Од локалната самоуправа истакнаа дека уште неколку пати ќе се тестира квалитетот на водата во Дојранското Езеро, во текот на месеците јули и август.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен режим на сообраќај низ скопските улици од 16 часот

Редакција

14-годишно девојче почина во базен во Битола

Редакција

„БМВ“ излета кај Смилковско Езеро, повредено едно лице

Редакција