еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

Апликацијата CommonPass овозможува да го документирате вашиот Ковид-19 статус со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност.

Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземете резултатите од направениот Ковид-19 тест (наскоро и вашите вакцинални потврди), и да го покажете вашиот здравствен статус на влез во друга држава без да откривате други лични здравствени информации.

CommonPass во моментот е со ограничена достапност само со избраните партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро ќе добиеме дигитален здравствен сертификат преку апликацијата „CommonPass“

Како да добиете CommonPass дигитална верифицирана потврда?

Направете тест за COVID- 19 во акредитирана лабораторија

Одбери лабораторија која е усогласена со CommonPass стандардот.

Зачувај го известувањето за добиен резултат.

Преземи ја мобилната апликација CommonPass на твојот мобилен телефон

Пребарај ја CommonPass апликацијата на Google Play Store или на Apple App Store.

Согласност со Услови на користење

Кликни „Се согласувам“ за да продолжиш понатаму. Доколку биде избрана опција „Не се согласувам“, не може да се креира CommonPass.

Иницирај креирање на CommonPass потврда

По прифаќање на условите за користење, апликацијата те пренасочува на блокот „Дома“ (Home screen). Оттука, можеш да креираш нова CommonPass потврда или да ги користиш постојните потврди.

За да иницираш процес на креирање CommonPass потврда, избери ја иконата со знакот „+“ (горен десен агол).

Иконите во долниот дел од екранот ги прикажуваат потврдите според тип (летови, тестови и вакцини*).

* Вакциналните потврди ќе бидат достапни наскоро.

Избери причина за CommonPass

На прашањето „Зошто ти е потребна CommonPass потврда?“, треба да избереш опција во зависност од потребата (на пример, избор авионски лет).

Преземи ги резултатите од направениот тест/примена вакцина

Скенирај го твојот QR код од резултатите од тестот/вакциналната потврда.

Вашиот CommonPass е успешно креиран!

Доколку вашиот COVID-19 тест е негативен, се креира CommonPass дигиталната потврда.

Креирај CommonPass дигитални потврди за целото семејство

Мобилната апликација има опција за креирање дигитални потврди за повеќе лица.

Извор: commonpass.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без изјави и соопштение од средбата на Заев со Вархеји

Редакција

Раст на трошоците на животот: Поскапеле зеленчукот, млекото, горивата, гасот…

Редакција

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција