еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Без изјави и соопштение од средбата на Заев со Вархеји

Денешната посета на eврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на Македонија, помина без изјави и соопштение од Владата за неговата средба со премиерот Зоран Заев.

За средбата Заев и Вархеји единствено информираа на социјалните мрежи.

„Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината.

Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за и за и посветени сме на тој процес“, напиша Заев на Твитер.

Твитна и Вархеји.

„Среќен сум повторно да го посетам Скопје за сеопфатни разговори со премиерот Зоран Заев. Се согласивме брзо да почнеме да ги спроведеме првите најважни проекти од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, со цел да го поттикнеме економскиот развој во Северна Македонија и регионот во ЕУ.

Со нетрпение го очекуваме Самитот ЕУ-Западен Балкан идната седмица во Словенија. Западен Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, иднината на регионот е во ЕУ. Разговаравме како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија“, напиша Вархеји на Твитер.

Пред да дојде во земјава, Вархеји беше во посета на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан

Фото: Вархеји/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени

Редакција

Расте бројот на реинфекции со Ковид-19, минатата недела регистрирани 272

Редакција

(Видео) Најмалку 50 лица загинале од кои пет деца во нападот на Краматорск, Зеленски со порака ова злосторство да се најде пред Трибуналот

Редакција