Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.
Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 степени, а дневните од 33 до 42 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 42 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Photo by Anna Demianenko on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.