еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД и СЗО договорија нова истрага за потеклото на коронавирусот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата.

– На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот.

СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на инфекција со вирусот Ковид-19 кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот „протекол“ од една од нејзините лаборатории.

МИА/Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца Македонци вмешани во местење фудбалски натпревари пуштени на условна слобода

Редакција

Ќе си ги урне ли сама Владата шансите за успешен референдум за името?

Редакција

Просечната нето-плата во март 31.080 денари

Редакција