еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија да внимава да не предизвикува емотивни реакции кај грчкиот народ, порачува шефот на грчката дипломатија

Во интерес на Северна Македонија е да има добри односи со Грција, како што секако важи и обратното. Ова го диктираат геополитичките услови во регионот и ова треба да претставува заедничка цел на двете земји, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за весникот „Реалњуз“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја изразува поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови и додава дека се надева на одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.

– Но, основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на одредбите и духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Дека во самиот договор постојат проблематични точки, е познато, а Нова демократија, тогаш како опозиција, навремено го изрази нејзиното спротивставување за конкретните членови.

Но, Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин. Иако се направени доста чекори во оваа насока, сепак постои многу простор за подобрување како од јавните, така и од приватните ентитети, вели Дендиас.

Тој додава дека не треба да се даваат погрешни изјави „што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ“, бидејќи таквите изјави „не помагаат во подобрувањето на климата во билатералните односи и сигурно не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога Грција ќе ги смени патоказите со ФИРОМ

Сејдини и Поповски не се Северномакедонци: Реакција на МНР до УЕФА

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд пресече: Нема пари за вработените во СЈО

Редакција

Казни за 874 лица за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција