еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кога Грција ќе ги смени патоказите со ФИРОМ

Грција ја користи секоја прилика да потсети на имплементацијата на Договорот од Преспа, а пред неколку дена дури најави и замрзнување на меморандуми со Македонија, поради твит на македонскиот премиер Зоран Заев, поради „непочитување„ на Договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Поради твит на Заев за македонските фудбалери, Грција замрзнува три меморандуми за соработка со Македонија

Треба да се напомене дека еден од овие меморандуми се однесува на европскиот пат на Македонија, за кој Грција постојано дава декларативна подршка.

Грција уште не ги сменила ни патоказите со ФИРОМ

Додека Македонија дури и пред време имплементираше обврски од Договорот од Преспа, кој има временска рамка за исполнување на истиот, Грција уште ги нема сменето ни патоказите со ФИРОМ.

Во интервју за ТВ 24, поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, кој беше дел од „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид, коментирајќи ја имплементацијата на Договорот од Преспа, рече дека таа е значајна и неопходна и оти треба да продолжи напорот во таа насока за да се задржи довербата меѓу двете страни.

“Ќе треба следниот период да се забрза промената на името на јавните субјекти во Северна Македонија, така како што јасно дефинира Договорот од Преспа.

Исто така, ќе треба наскоро да продолжиме со решавањена проблемите коишто постојат во врска со трговските имиња. И да се имплементира Договорот од 2019 година, во врска со промените во училишните книги во Северна Македонија.

Од страна на Грција ќе треба и таа да продолжи во реализацијата на нејзините обврски. Ќе треба наскоро да се ратификуваат двата меморандума за соработка и едниот договор.

На крајот на краиштата взаемно корисни се овие договори коишто треба да се ратификуват од грчкото Собрание. Ќе треба да продолжи перспективата на Врховниот совет за соработка на двете земји.

И се разбира промените што ги забележавте на патните знаци, бидејќи зачувувањето на довербата е значајна димензија. А, зачувувањето на довербата може да постои само преку целосна имплементација за се она што договоривме, навремено“, рече Ципрас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката „МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа

Заев пак во интервју за ТВ 21, рече дека двете страни имаат одредени обврски, а потенцираше дека на патоказите во Грција повеќе не смее да пишува ФИРОМ.

“Тоа што е важно е дека треба да се знае повеќе не сме ФИРОМ и ги користиме меѓународните кодови МК или МКД и очекувам и грчката страна да ги тргне тие еден или два знаци каде што пишува ФИРОМ.

Не е коректно да го пишува тоа име или пак Скопје, треба да го користат името Северна Македонија”, рече премиерот.

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, кој неодамна беше на конференција во Скопје, во интервју за 24 вести рече дека на ниеден од сообраќајните патокази во околината на Солун не пишува ФИРОМ, туку само „Скопје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката опозиција бара од Владата во Атина да ги ратификува меморандумите со Македонија

И тој како и СИРИЗА повика на ратификувањето на меморандумите и рече дека застојот е поради внатрешни несогласувања во владејачката Нова демократија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски на средбата со Петков: Потребно е враќање на довербата помеѓу двете Влади

Редакција

Каков имот пријавил судијата Осман Шабани

Редакција

(Видео) Конститутивна седница: На пратениците им се мери температура пред влезот на Собранието

Редакција