еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети не разговарале за државните симболи или поконкретно за химната.

– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Северна Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети тврди, а Владата демантира дека е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата

Прашан дали смета дека погрешил со тоа што на Твитер напиша „Македонската фудбалска репрезентација“ за што грчките власти замерија дека не се користи уствното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми, Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.

– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот Парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци…

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа, бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради твит на Заев за македонските фудбалери, Грција замрзнува три меморандуми за соработка со Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците

Редакција

Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ, вели Заев

Редакција

Антикорупциска ја прекинува постапката против министерот Манчевски

Редакција