еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети тврди, а Владата демантира дека е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, велат од Владата за МИА, по толкувањата во јавноста на изјавата на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата, Али Ахмети околу државните симболи.

-Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.

Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат, потенцираат од Владата.

Ахмети во интервју за „ТВ Клан„, како што пренесоа дел од медиумите, вели дека „се разговарало и за химната и за грбот и за знамето, како и дека овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР најавува пријави: Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје

Редакција

Изгласан импичмент на Трамп: Прв американски претседател отповикан двапати во еден мандат

Редакција

Неколку болници означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, вели Сали

Редакција