еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради твит на Заев за македонските фудбалери, Грција замрзнува три меморандуми за соработка со Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека Грција го замрзнува ратификувањето на три меморандуми за соработка со Македонија поради твит на македонскиот премиер Зоран Заев за македонската фудбалска репрезентација, во кој не го користи уставното име на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Под наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Северна Македонија“, „Катимерини“, повикувајќи се на владини извори пишува дека станува збор за трите меморандуми кои грчкиот Парламентот требало да ги ратификува на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна.

„Катимерини“ пишува дека грчката Влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со Договорот.

Весникот пренесува и изјава на портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, која го повика Заев дека мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани.

Заев во твитот од пред неколку дена напиша дека фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Холандија во рамки на Еуро2020, го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Заев на покана на холандскиот премиер Руте, заедно со сопругата Зорица го следат натпреварот помеѓу Македонија и Холандија

Трите меморандуми подолго време чекаат да дојдат на дневен ред во грчкиот Парламент, а за нивно гласање во неколку наврати повикаа од опозициската СИРИЗА.

Владејачката Нова демократија, пак од друга страна, тактизира со истите поради силното противење на Договорот од Преспа, внатре во партијата.

Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на воздушниот простор на земјава.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Ципрас го праша Мицотакис зошто се не осмелува да ја спомне Северна Македонија во грчкиот Парламент

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева загрижена за Васил Гарванлиев, добил „400 закани по животот“

Редакција

Вкупно 1.029 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Премиера на филмот „Охрид, Охрид убав мил“ по повод Св.Климент Охридски

Редакција