еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски на средбата со Петков: Потребно е враќање на довербата помеѓу двете Влади

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на земјава.

Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во духот на добрососедството и почитувањето на принципот на еднаквост меѓу двете страни, има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање компромисно решение за отворените прашања.

-На средбата се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед дека Северна Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО.

Во таа насока претседателот изрази поддршка за почнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните, информира Кабинетот на претседателот.

Според Пендаровски, почнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков: Го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани, како и користењето на сите ваши јазици како што се дефинирани со Уставот

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Редакција

Раим Бајрами реизбран за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

Тетовската професорка Рабије Мурати дел од листа на 100 највлијателни жени во светот

Редакција