еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката „МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа

Од Европската фудбалска федерација (УЕФА) информираа дека е одбиена жалбата на Грција за користење на кратенката “МКД“ на Европското првенство во фудбал, како и за користењето на логото на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на дресовите на македонските фудбалери.

Жалбата до УЕФА пред почетокот на првенството ја испрати грчкиот министер за спорт, Лефтерис Автенакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името

„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од таму и потенцираат дека нема да дозволат европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки, туку ќе продолжат да ја штитат праксата на неутралност.

Во одговорот од УЕФА се наведува и дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕУРО 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во Преспанскиот договор за кратенката МКД и дали ФФМ треба да си го смени името?

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со кратење на шест дневници, Европарламентот го казни бугарскиот европратеник Џамбаски поради нацистичкиот поздрав

Редакција

Предвремени парламентарни избори: Го чека ли и Заев истата судбина како на Ципрас

Редакција

Грција и Бугарија загрижени за случувањата во Македонија, Радев вели нема репреговарање на „францускиот предлог“

Редакција