еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, по повод учеството на Северна Македонија на Европското фудбалско првенство, испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ“ или „РНМ“ наместо „МКД“, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Според дипломатски извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД“, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020 не може да биде прифатен од Грција“.

Истите извори додаваат дека во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „Северна Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е „NM“ (North Macedonia) или алтернативно „RNM“ (Republic of North Macedonia)“.

Дополнително, во писмото Дендиас истакнал дека треба да се реши и прашањето со промена на името на Фудбалската федерација, но и побарал Османи да интервенира за решавање на овие прашања во рамките на добрососедските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографија на денот: Македонци, Албанци, Турци заедно за Македонија

(Фото) Заев, Османи и Бектеши ќе ги бодрат македонските фудбалери од трибина во Букурешт

МИА/Фото: Фејсбук/ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Закани за убиства на невини луѓе, до „северномакедонската“ влада, премиерот и неговата партија во дојавата за бомба во Куманово

Редакција

(Видео) Преку мегафони на возило, општина Чаир бара од граѓаните да останат дома

Редакција

Шокантен извештај на 695 страници: Од 1950 до 2010 година во Илиноис 451 католички свештеници злоставувале најмалку 2.000 деца

Редакција