еМагазин
Image default
Македонија

Во Врање со прва доза вакцинирани 10.390 македонски граѓани, а ревакцинирани 4.179

Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ја добиле вакцината на Фајзер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поврат на парите кои граѓаните ги потрошија за вакцинација во Србија

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 947 случаи на Ковид-19 од тестирани 3.450, во Скопје 453

Редакција

Резултатите од пописот ќе бидат готови во март или почеток на април, догодина

Редакција

Од Ковид-19 почина поранешниот градоначалник на Центар Жупа, Мазлум Хасан

Редакција