еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 почина поранешниот градоначалник на Центар Жупа, Мазлум Хасан

Поради компликации од Ковид-19 по две недели хоспитализација, на 52-годишна возраст во Скопје почина бизнисменот, филантропот и поранешен градоначалник на Општина Центар Жупа, Мазлум Хасан.

Како бизнисмен работеше во Италија, а стана градоначалник на локалните избори во 2009 година, како кандидат на Демократската партија на Турците, која беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Родум е од селото Коџаџик, област Горна Жупа, оженет и татко на три возрасни деца.

Како момче заминал во Венеција, а во Италија важеше за еден од најбараните реставратори.

Од него на социјалните мрежи се прости и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Фото: Фејсбук/Хасан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Максимовска – Поповиќ, член на УО на Комерцијална купи 100 акции на банката

Редакција

МВР го демантира Мицкоски дека е следен и оти се подготвува негово апсење

Редакција