еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зборува и грчки: Која е Ирена Стефоска, новата министерка за култура

Ирена Стефоска е новата министерка за култура.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.

Какво образование има

Дипломирала на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје (1991 година).

Магистрирала на Централно Европскиот универзитет во Будимпешта (1994 година) и на Филозофскиот факултет во Белград (2001 година).

Докторирала на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје (2007 година).

Добитник е на Фулбрајтовата стипендија, професор истражувач на Универзитетот Браун во САД (2009-2010 година), и на стипендијата на Фондацијата Robert Bosch, на програмата Historical Dialogue and Accountability на Универзитетот Колумбија (зимски семестар 2012 година).

Алумна на „Георг Екарт Институтот“ во Брауншвајг, Германија, водечка институција во светот за истражување на учебници по историја, географија и мајчин јазик.

Член е на меѓународната мрежа Aliance for Historical Dialogue and Accountability, при Институтот за човекови права на Универзитетот Колумбија во Њујорк од 2012 година.

Носител и учесник во меѓународни и национални проекти и публикации поврзани со феноменот на нациите и национализмите на Балканот со историските и политичките мотиви на Балканот, со наставата по историја и културите во регионот, а во насока на педагогија и култура на мирот, пишува во нејзината биографија.

Остварила истражувачки претстои, и предавања на еминентни универзитети во Европа и САД, меѓу кои на Хумболтовиот универзитет во Берлин, на Универзитетот во Чикаго, на Универзитетот Урбана – Илиноис, на Универзитетот Колумбија во Њујорк, во Центарот Вудро Вилсон во Вашингтон, на универзитетите во Регенебург, Грац, Белград, Софија…

Зборува англиски, српски, хрватски и бугарски јазик, а се служи и со грчки јазик и има пасивно познавање на францускиот јазик.

Политичка кариера

Била пратеник во Собранието (2016-2020 година), каде претседавала со Комисијата за култура, и со групата за соработка со грчкиот Парламент.

Работно искуство

Таа е редовен професор во Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општетсво и администрација 

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Фото: МК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 30 можни производители на генетски модифициран ориз во Македонија

Редакција

(Видео) Целосна фармацевтска грижа за пациентите во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Mакедонските атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова со импресивни резултати на европски и балкански натпревари

Редакција