еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Арјанит Хоџа, кадар на Беса е новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Роден е на 18 октомври 1986 година, во Ресен.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.

Какво образование има

Дипломирал на Факултетот за Бизнис администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во 2008 година.

Од април 2010 до мај 2010 година бил дел од Меѓународната програма за посета на САД – “IVLP European Young Leaders”.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство

Во 2009 година е основач и управител на приватна компанија, но во биографијата не навел која.

Во периодот од ноември 2003 до април 2004 година бил координатор на проект поддржан од ОБСЕ.

Од октомври 2005 до септември 2006 година бил член на Европскиот младински парламент.

Политичка кариера

Во 2018 година е избран за генерален секретар на политичката партија Движење Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Бујар Османи, новиот министер за надворешни работи

Што пишува во биографијата на Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Фото: МЗШВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 32%: За една недела 17 смртни случаи од Ковид-19 од 9 градови

Редакција

Штип има повеќе активни случаи на Ковид-19 од Чаир и Тетово

Редакција

Кои се новите советници и надворешни соработници на премиерот Зоран Заев?

Редакција