еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општетсво и администрација 

Јетон Шаќири, кадар на ДУИ е новиот министер за информатичко општетсво и администрација.

Роден е на 17 март 1987 година, во Струга.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Какво образование има

Дипломирал на економски науки, Државен универзитет во Тетово, во периодот од 2005 до 2008 година.

Магистер е по економски науки на Меѓународен универзитет во Струга од 2010 година.

Доктор е по економски науки на Универзитет на Тирана, Економски факултет од септември 2016 година.

Работно искуство

Од септември 2008 година е професор по економски науки на Факултетот за економски науки, Меѓународен универзитет во Струга.

Од септември 2009 до јуни 2018 година е директор на додипломски и последипломски студии на Меѓународниот универзитет во Струга.

Политичка кариера

Од јуни 2018 до декември 2019 година е директор на МЈП „Проаква“ во Струга.

Од јануари 2020 до сега беше директор на ЈП „Водовод и Канализација„ во Струга.

Во декември 2017 станал член на Управниот одбор на ЈП Комунално во Струга.

Тој е претседател на огранокот на ДУИ во Струга, член на Генералниот совет на ДУИ и член на Претседателството на ДУИ, огранок Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Фото: МИОА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kалкулации и изморени пратеници: Можно ли одложување на изборите во „пет до дванаесет“?

Редакција

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот за набавка на возило на СОЗР на Владата

Редакција