еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на старо-новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски

Оливер Спасовски е старо-новиот министер за внатрешни работи.

Роден е на 21.10.1976 година во Куманово.

Оженет е и е татко на две деца.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Какво образование има

Тој е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство

Спасовски својата професионална кариера ја зпаочнува како адвокатски приправник.

Политичка кариера

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Општина Куманово, а од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Во периодот од 2006 до 2008, од 2011 до 2014, и од 2016 до 2017 година, Спасовски беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Оливер Спасовски ја извршуваше функцијата прв човек во Министерството за внатрешни работи во три наврати. Првиот пат од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и вториот пат од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година, како и од 31 мај 2017 година по трет пат е избран за министер за внатрешни работи.

На 3.01.2020 е избран за претседател на преодната Влада, а на изборите на 15 јули за пратеник во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општетсво и администрација 

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Цената на нафтата нагло порасна, а берзите тонат по нападот на Русија врз Украина

Редакција