еМагазин
Image default
Свет

Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од вештачка кома

Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од вештачка кома и во „фази“ ќе биде симнат од апаратот за вештачко дишење, соопшти денеска берлинската болница.

Навални, кој беше отруен со невротоксичен агенс од типот Новичек „реагира кога му се зборува“, информира болницата во која е хоспитализиран рускиот опозиционер од 22 август.

Неговата „здравствена состојба … е подобрена“, истакнуваат од болницата, но исто така додаваат дека „не се исклучечни“ долгорочни последици од „тоа тешко труење“, пренесува Бета.

Според германската Влада, Навални „недвосмислено“ е отруен со нервен агенс од типот Новичек, супстанца позната од времето на Советскиот Сојуз, која се користела во воени цели.

Германија и другите западни земји ги обвинуваат руските власти за труењето и бараат објаснување.

Германската канцеларка Ангела Меркел не исклучува последици по проектот за гасоводот „Северен тек 2“ доколку Москва не ги обезбеди очекуваните одговори за труењето на Навални, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Русија му забележува на Берлин за „одложување на истражниот процес што го бара“ и за доставување само на делови од случајот.

Руското обвинителство и полицијата ги почнаа своите истраги на првиот ден од хоспитализацијата на Навални во Омск на 20 август, а руското обвинителство побара од Германија да објави информации за медицинските испитувања на рускиот блогер и прелиминарните дијагнози до кои е дојдено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија отфрла одговорност за труењето на Навални

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

МИА/Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Редакција

САД загрижени поради зближувањето на Кина и Русија

Редакција

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

Редакција