еМагазин
Image default
Свет

Русија отфрла одговорност за труењето на Навални

Кремљ денеска ги отфрли обвинувањата дека е одговорен за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, нагласувајќи дека нема основа за воведување санкции кон Русија поради тој случај.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата дека Русија стои зад нападот врз Навални и ги предупреди другите земји да не носат предвремени заклучоци.

Тој додаде дека нема причина да се разговара за санкциите против Москва, откако германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека ќе се консултира со сојузниците на НАТО за можна реакција на труењето на Навални.

Германската влада вчера објави дека има „непобитни докази“ дека Навални бил отруен со новичек, нервен агенс за кој се верува дека е произведен во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот на работ од Трета светска војна: Израел ќе одговори на нападот на Иран

Редакција

Mасовните тестирања во Вухан укажуваат на сериозна загриженост од втор бран со Ковид-19

Редакција

Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, 20 лица пријавиле симптоми на коронавирусот

Редакција