еМагазин
Image default
Македонија

Во Кичево нема новозаразени со Ковид-19, четири лица оздравени

Новозаразени лица со Ковид-19 денеска нема во општина Кичево. Според податоците од Министерството за здравство, четири лица оздравиле.

Доктор Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом и член на Кризниот штаб на Општина Кичево информира дека вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина изнесува 275 лица, од кои 45 се активни, 218 се излекувани и 12 се починати.

– Денешните податоци, за среќа, зборуваат дека продолжува трендот на намалување на активните случаи во Кичево, вели д-р Бајрами.

Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кај инфективната клиника во Скопје „никна“ монтажната болница

Редакција

“Не за бугарскиот Хитлер!“: Левица до ОЈО Охрид поднесе инцијатива за забрана на здружението „Цар Борис III“

Редакција

Анализа на ИФИМЕС: Бугарски „десант“ на Македонија со пари од ЕУ

Редакција