еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд пресече: Нема пари за вработените во СЈО

На денешната седница Уставниот суд ја поништи Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) и за финансирање на оваа инстутиција и го стави вон сила решението за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува.

Со тоа, Уставниот суд ја запре Владата во намерата да им се исплатат заостанати придонеси на дел од вработените во СЈО и да се покријат дел од направените трошоци на оваа институција.

Имено, Владата на 2 април 2020 година донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, а за кои, како што рекоа, постои правна празнина, бидејќи новиот Закон за јавно обвинителство сè уште не е стапен во сила.

„Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а до тогаш државата мора да надмине одредени правни состојби.

Потсетуваме дека сите јавни обвинители од СЈО се вратени во матичните обвинителства од кои дошле. Во СЈО има вработени стручни служби, како јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, кои имаат важечки договори за вработување кои произведуваат правни последици.

Исто така, постојат комунални трошоци за зградата во која е сместено СЈО. Сите овие трошоци, дали се за плати за стручните служби или за комуналии, се засновани врз важечки и валидни договори и истите мора да бидат подмирени“, соопшти тогаш Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Уставниот суд ја замрзна Уредбата за даночната постапка: УЈП ќе треба да објави листа на должници

Уставен суд не поведе постапка за продолжувањето на вонредната состојба

Уставниот суд ја запре забраната за движење за лица до 18 и над 67 години 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николовски тврди: Со пари за земјоделството се плаќале споменици и театри

Редакција

Уште кралицата Елизабета не дојде да не убеди да излеземе на рефрендумот за името

Редакција

Каракачанов пак излажа, во Македонија со години две бугарски телевизии емитуваат програма

Редакција