еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поради топлото време дневно по десетина колапси во Скопје и стотина интервенции на Итна медицинска помош

Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите интервенираат дневно кај стотина случаи. Дневно има и од осум до десет колапси. Ова за МИА го изјави раководителката на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало.

Таа посочи дека граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, кардиоваскуларни промени… Додаде дека интервенираат и при сообраќајни несреќи.

Поради високите температури во портокалова фаза од Министерството за здравство потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на овие екстремно топли денови, граѓаните треба да останат повеќе време во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 252 болни од Ковид-19

Редакција

Кои се донатори на ДУИ и од што се финансирала партијата лани

Редакција

Кина криела информации за Ковид-19, откриваат тајни снимки на СЗО

Редакција