еМагазин
Image default
Спорт

Град Скопје ќе го награди олимпискиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски со 5.000 евра

На иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје, каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана еден од најуспешните македонски спортисти на Олимписките игри, а ова е прв медал за Македонија по пауза од 21 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од парите од Владата ќе му ги дадат нему: „Доволен ни е историскиот сребрен медал“

Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри

Фото: Инстаграм/Георгиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските каратисти ќе се борат за две бронзи на Универзијадата во Турција

Редакција

Европскиот парламент ја осуди корупцијата во ФИФА и доделувањето на Мундијалот на Катар

Редакција

„Тајмс“: Олимписките игри во Токио ќе се одложат поради Ковид-19

Редакција