еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Тајмс“: Олимписките игри во Токио ќе се одложат поради Ковид-19

Јапонската влада дошла до заклучок дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот, објави Тајмс.

Британското издание се повикува на неименуван висок член на владејачката коалиција.

Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 година.

Јапонија е помалку погодена од пандемијата отколку другите развиени економии, но неодамнешниот скок на бројот на инфекции ја принуди да ги затвори своите граници за странците кои не живеат во земјата и да прогласи вонредна состојба во Токио и други поголеми градови.

По објавата на Тајмс, јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека сака ОИ да бидат реализирани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ни Украина, вели рускиот министер Лавров

Редакција

„Балканот доби нова држава“: Реакции во регионот по ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО во Грција

Редакција

Антикорупциска бара да се покрене иницијатива за кривично гонење против тројца градоначалници на Демир Хисар

Редакција