еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто.

Неговиот статус го пренесуваме во целост:

„Можеби сум премногу конзервативен и конвенционален, ниту сум експерт и специјалист за вакцини, но со моето скромно знаење од имунологија и имунизација со вакцини, стекнато во текот на мојата општа медицинска наобразба како доктор, ова е мојата ранг листа:

1. Вакцина од жив корона вирус, бидејќи нема аѓуванси (појачувачи на антигеното дејство) но засега се уште не постои. Кинезите се во напредна фаза.

2. SinoPharm кинеска вакцина од умртвен корона вирус со УВ зрачење и додаден аѓуванс.

3. SinoVac кинеска вакцина од умртвен корона вирус со гама зрачење и додаден аѓуванс.

4. EpiVac руска ПЕПТИДНА вакцина, составена од мали пептидни сегменти од корона вирусот, со антигено дејство.

5. SputnikV руска векторска вакцина од човечки аденовирус.

6. AstraZeneca-Oxford, британска векторска вакцина од мајмунски аденовирус.

7. Moderna, америчка mRNA вакцина

8. Pfizer, америчка mRNA вакцина која се транспортира и складира на -70°С.

П.С. многумина ќе речат, овој бира “дизел кола”, а му се нуди “full electric”, ама… дали ќе има мајстор да ја поправи „full electric“ ако нешто сепак се расипе.“

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 4.264 тестирања, во Тетово 13, во Скопје 12

Редакција

Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Ковачевски за „антистрес“ терапијата на министрите на ДУИ

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 12 милиони евра убедливо на врвот

Редакција