еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 50 лица загинале од кои пет деца во нападот на Краматорск, Зеленски со порака ова злосторство да се најде пред Трибуналот

Како масовните убиства во Бучи, како и многу други руски воени злосторства, ракетниот удар врз Краматорск треба да стане едно од обвинувањата на Трибуналот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за нападот на железничката станица Краматорск.

Тој додаде дека ќе се истражува кој дал наредба, и како е договорен овој удар, кој според украински власти усмрти најмалку 50 луѓе од кои пет деца.

„Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск“, напиша гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко на Телеграм.

Претходно беше објавено дека се загинати 39 лица, а најмалку 100 се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем.

Градоначалникопт на градот истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Нова снимка од нападот на железничката станица во Краматорск

Русија демантира дека извршила напад на железничката станица во Краматорск

Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русија го промовира новиот беспилотен суперсоничен нуклеарен бомбардер

Редакција

Андреа се извини уште еднаш за македонското знаме: Намерата не ми беше лоша

Редакција

Кипар ја премести Македонија од зелената во портокаловата категорија за патување

Редакција