еМагазин
Image default
Бизнис

Возилата на „Грин Машинс“ од Велес ќе се грижат за уреден и чист Сан Диего

Општо познато е дека квалитетот создава доверба. Пример за тоа е дека по неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес, велат од компанијата.

Револуционерниот GM1ze, GM414 RS, првиот GM636 петрол и GM400ze RS ќе се грижат за беспрекорна чистота на просторните паркови и булевари на калифорнискиот мегалополис Сан Диего, информираат од таму.

Овој град кој полага огромна вредност на уреденоста на надворешните површини, познат како магнет за бројни туристи, довербата за одржувањето на хигиена им ја додели на овие најсовремени технолошки возила кои се совпаѓаат со строгите концепти за одржливост на урбаните центри.

Благодарение на позитивните препораки, првото и најпродавано возило од брендот „Грин Машинс“, GM 414 RS од серијата 400, заедно со другите возила овој пат ќе отпатуваат на другата страна на светот, на западниот брег на САД.

Компактниот GM1ze е екстремно ефикасен благодарение на моќната батерија прилагодлив и за најтесни улички. GM636 петрол го задржува класичниот дизајн препознатлив за „Грин Машинс“, но е прво возило со имплементиран бензин-мотор од најнова серија, Stage 5, со намалена емисија на штетни издувни гасови и карактеристичен модерен управувачки систем.

GM400ze RS е целосно електрично возило кое од сите други возила од овој тип во светот се разликува по имплементираниот револуционерен систем за кружење на воздухот кој што не само што ги зголемува перформансите на вшмукување, туку и капацитетот за филтрирање на прав.

Овие еколошки, се’ поатрактивни, возила ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира програмата за инвестиција во животна средина, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер вреден седум милиони евра: „Окта“ и „Супертрејд“ ќе ги „полнат“ нафтените резерви со дизел

Редакција

Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во август

Редакција