Поради мито времено суспендиран претседателот на гостиварскиот суд, Елјеса Алији

Поради случајот во кој е осомничен за мито, в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, времено е суспендиран од функцијата, одлучи Судскиот совет.

На негово место за в.д. претседател е определен Мирослав Петроски, судија во истиот Суд.

Алији и другиот осомничен во случајот – судски администратор, останаа без пасоши, а за нив има и други мерки на претпазливост, а се осомничени за кривичното дело “примање награда за противзаконито влијание“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Елјеса Алији, претседателот на гостиварскиот суд кој е осомничен за примање мито

Без пасош остана осомничениот за мито претседател на гостиварскиот суд

Претседателот на гостиварскиот суд осомничен за мито

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести