На следното рочиште за „Рекет“ се очекува одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки13 да заврши со изведување на материјалните докази и да се заокружи листата на неговите сведоци.
Потоа следува изведувањето на докази од страна на одбраната на второобвинетата во случајов, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.
Фокус објави дека на листата на сведоци на Јанева се ставени седум обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). За тројца ќе биде предложено да сведочат зад затворени врати, односно со исклучување на јавноста, а четворица ќе сведочат јавно.
Без присуство на Јанева ќе се презентира и дел од материјалните докази, поврзани со истрагата за случајот „Империја“, а во кој предмет нејзините адвокати Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска побарале да извршат увид, пишува Фокус.
Јанева во “Рекет” е обвинета за кривичното дело “злоупотреба на службената положба и овластување”, а Јовановски за “примање награда за противзаконито влијание” и “перење пари”.
Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина и доби тригодишна казна, која ја обжали пред суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење за „Рекет“: Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“