еМагазин
Image default
Да помогнеме

За првпат се организира хуманитарна инклузивна штафетна трка – Заедно до целта

Здружението на граѓани Куќа на среќата, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“ Скопје за прв пат во нашата земја организира хуманитарна инклузивна штафетна трка и ве поканува сите вас да бидете дел од неа.

„Со цел да ја подигнеме свеста за видливата и невидливата попреченост и да допринесеме таа да стане видлива и повеќе да се слушне за неа, одлучивме за прв пат во нашата земја да ја обележиме со организирање на хуманитарна инклузивна штафетна трка која ќе се одржи на 20-ти мај 2023 година.

Во знак на поддршка на лицата со попреченост сакаме преку трката да ја испратиме пораката дека ги разбираме, прифаќаме и сакаме сите лица со видлива и невидлива попреченост и да се најдеме сите на едно место, да го поминеме истиот пат, истата трка, за да создадеме заедно едно поинклузивно општество, порака дека сите сме исти и дека само сите заедно можеме да стигнеме до целта,“ велат организаторите.

Од таму додаваат дека трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.

Трката може и да се пешачи, може и да се трча со носење во раце, да се држиме за рака.

Инфо за трката

Опис: Штафетна трка во трчање 1.000 метри со различни инклузивни тимови.

Датум: 20.05.2023.

Локација: Градски Парк – Школка, Скопје.

Време на стартот: 11 часот.

Тип на трка: штафетно трчање со 4 измени.

Забава: 12:00 часот.

Пријавување: www.smartrace.club

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донирајте за лекарска домашна посета

Редакција

Да му помогнеме на Петар кој како последица од ретка болест, има сколиоза која треба да се оперира во Турција

Редакција

Отворени телефонски броеви за донации за лекување на двегодишниот Јаков Јанакиев

Редакција