еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За обновата и закрепувањето на Украина се потребни 383 милијарди евра

Трошоците потребни за реконструкција и закрепнување на Украина, која е цел на руската инвазија, се зголемија на 411 милијарди долари (383 милијарди евра), проценија украинската Влада, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации.

Според новата проценка објавена денеска, а која го опфаќа периодот од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година до нејзината прва годишнина, ќе бидат потребни средства за реконструкција и закрепнување во текот на следните 10 години и ќе бидат обезбедени од јавни и приватни фондови.

Наведената сума е 2,6 пати поголема од проценетиот Бруто домашен производ на Украина во 2022 година, соопшти Европската комисија.

Втората брза проценка на штетите и потребите обезбедува сеопфатна проценка на ефектите од војната во 20 различни сектори, специфицирајќи ја директната физичка штета на инфраструктурата и зградите и опишувајќи го влијанието врз животите на луѓето.

Се проценува дека на Украина оваа година ќе и бидат потребни 14 милијарди долари за приоритетни инвестиции во обнова и закрепнување.

Украинскиот премиер, Денис Шмигал, изјави дека подготовката на втората Брза проценка на штетите и потребите е „важен елемент во стратегијата за реконструкција на Украина“.

-Ние сме благодарни на Светска банка за темелната анализа, која ќе стане важна алатка за нас и нашите партнери во спроведувањето на проектите за закрепнување, кои веќе се почнати, кажа Шмигаљ.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илјада години Бигорски манастир: Историски, културен и духовен бисер

Редакција

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Редакција

Имам еден стан на мое име и еден на фирма, ама тие се на Груевски, рече на судењето за „Плацеви на Водно“, секретарката на Алек Теранова

Редакција