еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имам еден стан на мое име и еден на фирма, ама тие се на Груевски, рече на судењето за „Плацеви на Водно“, секретарката на Алек Теранова

Со сослушување сведоци предложени од Обвинителството, кои зборуваа за становите на „Бихачка“ за кои во обвинението се тврди дека се на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно”.

Сведокот Татјана Стојановска, која рече дека на нејзино име има стан на улица „Бихачка“ и уште еден до него на име на фирма, чиј управител е таа, но дека тие не се нејзини туку, на трето лице.

– На имотен лист да, ама јас не ги поседувам, кажа Стојановска.

Мислам, рече таа, дека во 2008-2009 година тој период директорот Александар Ивановски ми се обрати дека треба да се купи стан таму и така се случи, под негови ингеренции.

– Тој дојде и кажа дека треба да се купи стан за бившиот премиер Никола Груевски, затоа што заради прислушување да нема некои несакани комшии, значи само да се фигурира. Тоа одеше преку Агенција за недвижности „Асторија“. Се огласија двајца таму. Дојде човек и отидовме на нотар. Толку беше, немаше ништо, објасни Стојановска.

Прашана дали таа дала пари за овој стан и дали имала клуч, рече дека ниту дала пари, ниту добила клуч и дека никогаш ниту пак влегла и го видела тој стан.

Стојановска, исто така, рече дека е сопственик и управител на фирмата ИТК инжинеринг, основана 2008-2009 година од причина за да се учествува на јавен тендер, на кој било купено градежно земјиште на Водно, како и дека на ова правно лице има запишано уште еден стан на улица „Бихачка“.

За тоа како обезбедила пари за купување на станот, сведокот рече дека тие биле обезбедени од Александар Ивановски преку позајмици.

– Станот беше на иста адреса, еден до друг со станот што веќе беше запишан на мое име. Станот беше купен од постар брачен пар, исто за Никола Груевски. Немам клуч и не сум била никогаш во тој стан, рече сведокот.

За двата стана, сведокот рече дека, има договори и нотарски акти дека ги поседува.

– Во 2018 година, пред бегството на Груевски, договор за закуп ми донесе Алек, потпишани од премиерот Никола Груевски за да потпишам јас и да ги вратиме. Договорите беа дека во рок од пет години ќе се реновираат без никаков надомест, рече сведокот Стојановска.

На прашање од бранителот по службена должност на Груевски, Стојановска рече дека никогаш не се сретнала, ниту телефонски разговарала со Никола Груевски.

Прашана дали е сигурна или може само да претпостави дека тие станови се на Никола Груевски, сведокот рече „да, можам само да претпоставам”.

На прашање од адвокатот Еленко Миланов, дали парите за станот и земјиштето се обезбедени од Александар Ивановски, сведокот рече да, посочувајќи дека тој никогаш не ги користел.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

На денешното рочиште прво беше сослушан сведокот Бисерка Јовковска Ќаева, која заедно со сопругот купила стан од 57 квадрати на улица „Бихачка“, кој потоа го продале.

– Станот го продадовме кога беше отплатен кредитот. Беше мал и се одлучивме да побараме друг, со поголема квадратура. Прво го понудивме на луѓето околу нас дали сакаат да го купат, вклучително и на премиерот, рече сведокот, посочувајќи дека лично не се видела со премиерот, туку со некои негови луѓе кои биле овластени се договориле за цената и отишле на нотар.

На прашање од адвокатот по службена должност на Груевски, дали се уште чуваат примерок од купопродажбата на нотар, сведокот рече дека тој веќе го донела на обвинителката и таму пишува кој го купува.

Втор, беше сослушан сведокот Илија Гечев, сопственик на ИГМ Трејд, кој рече дека во 2012 година разговарал со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за земјиште на Водно.

– Ми се јави Миле и ми кажа дека има интересна локација на Водно од околу 1.200 – 1.300 метри квадратни до резиденцијата на Вилма Трајковска. За тоа ми рече дека треба да разговарам со Ерол Хасами.

Ние се видовме со Ерол Хасами по неколку дена од тој разговор. Го прашав за сопственоста, мислам дека ми рече дека е фамилијата на Панделевски од „Пелистерка“ и со тоа заврши разговорот. После тоа јас не се интересирав, ниту да градам, ниту да инвестирам и со тоа заврши, изјави сведокот Гечев.

Прашан, која била цената на плацот, Гечев рече дека бил околу милион и двеста – триста илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протуѓер спаднал на ниски гранки, вели Груевски за неговото сведочење, а откри и дека имал здравствени проблеми поради загадениот воздух

Груевски ми спомна дека купил земјиште на Водно, рече Протуѓер на денешното судење за „Плацеви на Водно“

Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски, кажа Јанкулоска на судењето за „Плацеви на Водно“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 28%: За една недела 1.727 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Излекувани 195 здравствени работници во Македонија, заболени уште 41

Редакција

Каков имот пријавил Филип Василевски, директорот на ЈСП Турс, кој поднесе оставка

Редакција